Достава и плаќање

Испорака на производи:

Во зависност од вашите преференции, испораката може да се изврши преку Карго експрес или Брза пратка, низ сите достапни пунктови во државата.

Пратката може да се достави до карго базата во избраниот град или до домашна адреса во зависност од локацијата/градот. Испораката до врата нè е можна доколку избраната локација се наоѓа надвор од регионите каде што се достапни услугите.

Пратката се испраќа и подига со документ за идентификација и потпис од страна на купувачот.

Рок на испорака:

Производите најчесто ќе бидат испорачани за 1-3 работни дена. Во овој период не се земаат во предвид викендите и државните празници.
Погоре наведените рокови укажуваат на вообичаеното време потребно за испорака на пратките и се необврзувачки.
Рокот на испорака започнува откако стоката ќе излезе од магацинот, а не од денот кога е испратена нарачката.

Во случај на задоцнета испорака не сносиме одговорност доколку доцнењето е предизвикано од компанијата задолжена за испорака.

Плаќање и цени:

Освен по договор, сите трошоци треба да се платат во готово и во целосен износ, по прифаќањето на пратката. Купувачот не е должен да плати за стоката додека таа не биде испорачана. Купувачот нема право на готовински попусти.

Цената на испораката целосно ја одлучува избраната компанија задолжена за истата. Цената е променлива и зависи од големината, обемот и бројот на пакети. Вообичаениот ценовен опсег е меѓу 80-160 денари.

За подетални информации погледнете ги ценовните листи дадени подолу или погледнете го калкулаторот за прецизна проценка.

Ценовници: Карго експрес ; Брза пратка.

Калкулатори: Карго експрес ; Брза пратка.

Известување за дефекти:

Пред купувачите да прифатат пратка, тие се обврзани визуелно да го прегледаат пакетот и да утврдат дали има видливи физички оштетувања. Исто така, од клучно значење е темелно да ја испитате секоја поединечна ставка во содржината на кутијата.

Доколку има значителни и забележливи оштетувања на самото пакување или на некоја од содржината, потребен е фотографски доказ за штетата. Дополнителни информации на страницата Замена на производ .